Новости

Дома НОВОСТИ Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Објавено: 19. 06. 2016

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Е-пошта Печати PDF
 

Проектот е наменет за перспективни претприемачи и менаџери со цел да им се овозможи пристап до современи знаења од области кои секој сопственик на бизнис и менаџер треба да ги знае, експертиза, дијагностички алатки за компаниите, поддршка при започнување и зголемување на извозот, дијагноза на економското здравје на компаниите, финансиска поддршка и други алатки за успех во бизнисот.

Основниот критериум за учество е претприемачите и менаџерите да управуваат со компании до 50 вработени.

До сега околу 460 претприемачи од Македонија ги ползувале придобивките од овој проект.

Што ќе добиете со учество во Проектот?

  • Настани за размена на искуства и најдобри пракси од областа на бизнисот преку учество во Програма за Претприемачи и/или учество во специјализирани менаџерски програми од областа на финансии, маркетинг, продажбата и извоз.
  • Настани за вмрежување и воспоставување деловни контакти со други претприемачи од Македонија, учесници во Проектот;
  • Лично советување со бизнис професионалец за надминување на најголемите бизнис предизвици на учесниците;
  • Годишно членство во Бизнис клубот на микро и мали претпријатија на ЦЕЕД Македонија, а со тоа и пристап до мрежа од околу 200 успешни претприемачи и менаџери од Македонија со можност за воспоставување на корисни бизнис контакти и соработка;
  • Проширување на бизнисот на регионалните и странски пазари;
  • Интервенции за подобрување на процесите во компанијата;
  • Можност за аплицирање во инвестициски фонд или претставување пред инвеститори - бизнис ангели, за обезбедување на потребниот капитал за раст на компанијата.

Заинтересираните кандидати кои ќе се пријават до 15 јули, ќе бидат кофинансирани со 60% од износот за учеството во проектот. Со тоа, основниот пакет на услуги кој вклучува и учество во Програма за Претприемачи, ќе го добијат за износ од 399 ЕУР, или севкупниот пакет кој вклучува учество и во специјализираните менаџерски програми за продажба и извоз, маркетинг и финансии, за износ од 599 ЕУР.

Пријавените кандидати за основниот пакет може да добијат дополнителна стипендија (од 25% до 50%) на износот, доколку исполнуваат некои од подолу наведените критериуми:

  • Доколку би патувале повеќе од 60 км во еден правец до местото на одржување на настаните од Програмата за претприемачи во вашиот регион
  • Доколку имаат помалку од 3 вработени
  • Доколку се старт-ап компанија
  • Доколку се жена претприемач/менаџер
  • Доколку се пријават двајца или повеќе од двајца учесници од иста компанија.

Доколку учесниците во Проектот преземат некакви интервенции за подобрување на процесите во нивните компании, истите може да им бидат кофинансирани со 50% од вредноста на интервенцијата, но максимално во вредност од 700 УСД. Принципот за користење на оваа услуга е “Прв пријавен - прв услужен”.

За дополнителни информации и закажување состанок, контактирајте ги регионалните координатори:

Пелагониски регион: Цанка Велкова

моб. 075 295 075     e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Источен регион: Даниела Бојкова

моб. 076 360 108    e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Североисточен регион: Елена Хаџи Пецова

моб. 076 496 613    e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Југозападен регион: Кирил Ристоски

моб. 076 235 733    e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Можете веднаш да аплицирате по електронски пат по што ќе бидете исконтактирани од некој од нашите координатори. Апликацијата за пристап до Програмата можете да ја најдете тука.

Координаторите ќе ве известат за времето и местото на првата средба.

ЦЕЕД Македонија веќе девет години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 14 земји. До сега, преку програмите на Центарот успешно поминале 1.252 претприемачи и менаџери. Повеќе на www.ceed-macedonia.org.

CEED-1200x628-580x304

Последно освежено ( 19. 06. 2016 )
apliciraj
svedoshtva

Новости

Зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис, вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...
  • cialis günstig comprar viagra mar del plata preis proscar
  • vardenafil no prescription viagra canadian pharmacy cheap levitra online pharmacy acquista cialis generico achat viagra securise levitra generico acquisto acquistare anafranil on line zyprexa comprare voltaren generico
    commande de kamagra kamagra vente compresse cialis
      viagra online store australia bringing viagra back into australia cialis vs viagra australia