News

Home NEWS Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Published: Sunday, 19 June 2016 15:57

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

E-mail Print PDF
 

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија.

Претприемачи, сопственици на бизниси и менаџери од Пелагониски, Источен, Североисточен и Југозападен регион можат да станат дел од Проектот кој го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, вмрежување, советувања, соработка со компании од странство, поддршка при извозот и инвестиции.

Проектот е наменет за перспективни претприемачи и менаџери со цел да им се овозможи пристап до современи знаења од области кои секој сопственик на бизнис и менаџер треба да ги знае, експертиза, дијагностички алатки за компаниите, поддршка при започнување и зголемување на извозот, дијагноза на економското здравје на компаниите, финансиска поддршка и други алатки за успех во бизнисот.

Основниот критериум за учество е претприемачите и менаџерите да управуваат со компании до 50 вработени.

До сега околу 460 претприемачи од Македонија ги ползувале придобивките од овој проект.

Што ќе добиете со учество во Проектот?

  • Настани за размена на искуства и најдобри пракси од областа на бизнисот преку учество во Програма за Претприемачи и/или учество во специјализирани менаџерски програми од областа на финансии, маркетинг, продажбата и извоз.
  • Настани за вмрежување и воспоставување деловни контакти со други претприемачи од Македонија, учесници во Проектот;
  • Лично советување со бизнис професионалец за надминување на најголемите бизнис предизвици на учесниците;
  • Годишно членство во Бизнис клубот на микро и мали претпријатија на ЦЕЕД Македонија, а со тоа и пристап до мрежа од околу 200 успешни претприемачи и менаџери од Македонија со можност за воспоставување на корисни бизнис контакти и соработка;
  • Проширување на бизнисот на регионалните и странски пазари;
  • Интервенции за подобрување на процесите во компанијата;
  • Можност за аплицирање во инвестициски фонд или претставување пред инвеститори - бизнис ангели, за обезбедување на потребниот капитал за раст на компанијата.

Заинтересираните кандидати кои ќе се пријават до 15 јули, ќе бидат кофинансирани со 60% од износот за учеството во проектот. Со тоа, основниот пакет на услуги кој вклучува и учество во Програма за Претприемачи, ќе го добијат за износ од 399 ЕУР, или севкупниот пакет кој вклучува учество и во специјализираните менаџерски програми за продажба и извоз, маркетинг и финансии, за износ од 599 ЕУР.

Пријавените кандидати за основниот пакет може да добијат дополнителна стипендија (од 25% до 50%) на износот, доколку исполнуваат некои од подолу наведените критериуми:

  • Доколку би патувале повеќе од 60 км во еден правец до местото на одржување на настаните од Програмата за претприемачи во вашиот регион
  • Доколку имаат помалку од 3 вработени
  • Доколку се старт-ап компанија
  • Доколку се жена претприемач/менаџер
  • Доколку се пријават двајца или повеќе од двајца учесници од иста компанија.

Доколку учесниците во Проектот преземат некакви интервенции за подобрување на процесите во нивните компании, истите може да им бидат кофинансирани со 50% од вредноста на интервенцијата, но максимално во вредност од 700 УСД. Принципот за користење на оваа услуга е “Прв пријавен - прв услужен”.

За дополнителни информации и закажување состанок, контактирајте ги регионалните координатори:

Пелагониски регион: Цанка Велкова

моб. 075 295 075     e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Источен регион: Даниела Бојкова

моб. 076 360 108    e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Североисточен регион: Елена Хаџи Пецова

моб. 076 496 613    e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Југозападен регион: Кирил Ристоски

моб. 076 235 733    e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Можете веднаш да аплицирате по електронски пат по што ќе бидете исконтактирани од некој од нашите координатори. Апликацијата за пристап до Програмата можете да ја најдете тука.

Координаторите ќе ве известат за времето и местото на првата средба.

ЦЕЕД Македонија веќе девет години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 14 земји. До сега, преку програмите на Центарот успешно поминале 1.252 претприемачи и менаџери. Повеќе на www.ceed-macedonia.org.

CEED-1200x628-580x304

Last Updated ( Sunday, 19 June 2016 16:06 )
applay
svedoshtva

News

Зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис, вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за...

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро...
  • cialis generico funziona achat cialis générique viagra kosten
  • where to buy viagra for women cheapest viagra online sildenafil uk no prescription cialis online in italia cialis vendita svizzera kamagra bijsluiter seroquel comprare ddavp prezzo pyridium costo
    cialis generico esiste viagra køb acheter viagra en ligne en suisse
      generic viagra in australia cialis professional online australia how to buy cialis online in australia