Новости

Дома НОВОСТИ Во тек се уписите за претприемачи во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија

Објавено: 02. 12. 2015

Во тек се уписите за претприемачи во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија

Е-пошта Печати PDF
 

Отворена е можноста за членство на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија.

Со учество во проектот, претприемачите и менаџерите, сопственици на микро и мали претпријатија до 50 вработени, стануваат дел од Бизнис клубот на Микро и мали претпријатија на ЦЕЕД Македонија.

Претприемачи, менаџери и сопственици на бизниси од Пелагонија, Вардарски, Полошки, Југоисточен, Источен, Североисточен, Југозападен регион можат да станат дел од Проектот кој го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, советувања, соработка со компании од странство, поддршка при извозот и инвестиции. Основниот критериум за учество е компаниите да имаат потенцијал за раст, извоз и можности за креирање на нови работни места.

Проектот е наменет за перспективни менаџери и претприемачи – сопственици на микро и мали бизниси кои се развојно насочени, со цел да им се овозможи пристап до современи знаења од области кои секој менаџер треба да ги знае, експертиза, дијагностички алатки за компаниите, поддршка при започнување и зголемување на извозот, дијагноза на економското здравје на компаниите, финансиска поддршка и други алатки за успех во бизнисот.

Проектот се спроведува низ три компоненти:

Компонента I – Програма за претприемачи

Компонента II – Услуги за бизнис поддршка

Компонента III – Приватен капитал, Квази капитал и Бизнис ангели

Учеството во Проектот ќе Ви овозможи:

- Членство во Бизнис едукативен клуб;

- Размена на искуства и најдобри пракси од областа на бизнисот;

- Настани за воспоставување на деловни контакти со други претприемачи од Македонија (членови на Бизнис едукативниот клуб), како и со претприемачи од соседните држави;

- Проширување на бизнисот на регионалните и странски пазари;

- Интервенции за подобрување на процесите во компанијата;

- Можност за аплицирање во инвестициски фонд или претставување пред инвеститори - бизнис ангели, за обезбедување на потребниот капитал за раст на компанијата.

Уписите траат до крајот на јануари 2016 година.
За дополнителни информации и закажување состанок, контактирајте ги регионалните координатори, кои можете да ги најдете тука.

ЦЕЕД Македонија веќе осма година игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 13 земји. До сега, преку програмите на Центарот успешно поминале 1.252 претприемачи и менаџери. Повеќе на www.ceed-macedonia.org.

 

 

Последно освежено ( 15. 06. 2016 )
apliciraj
svedoshtva

Новости

Зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис, вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...
  • viagra merken cialis pharmacie viagra köpes
  • cialis once a day pill internet viagra pharmacy viagra online consultation forum achat en ligne viagra vente viagra 100mg acquisto cialis originale doxycycline prezzo tetracycline senza ricetta clomid comprare
    kamagra gel viagra cialis en ligne viagra costa
      kamagra gel australia prescription for viagra australia buying cialis sydney