Дома Успешни приказни За почиста животна средина: Компанијата Еко Пласт – Техника од Кавадарци рециклира пластичен отпад

За почиста животна средина: Компанијата Еко Пласт – Техника од Кавадарци рециклира пластичен отпад

 

Основана на почетокот на оваа година со поддршка од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, Еко Пласт – Техника од Кавадарци е релативно млада компанија на македонскиот пазар. Компанијата се занимава со рециклирање на пластика (ПЕТ отпадни шишиња), при што по технолошки/механички процес се добива краен производ – пет лушпи (pet flakes). Понатаму овие лушпи се користат како суровина за производство на полиестерно влакно, гранулат и пет табли, кои се користат за пакување на храна и пијалоци, козметика, детергенти и фармацевтски производи. Полиестерните влакна произведени од pet flakes се користат и како суровина во текстилната и конфекциската индустрија.

Сопственикот на компанијата, Ристе Андов, детално ни го објасни процесот на рециклирање, кој се состои од сепарирање, мелење, перење, сушење и пакување.

3

“На почетокот на процесот, се растураат балите собрана пластика и се ставаат на лента. Прво механички се вадат етикетите и тапите, а потоа следува миење. Во делот за селектирање, дел од вработените ги вадат сите примарни работи како стакло, лименки, остатоци и додатоци што треба да се отстранат од крајниот производ. Потоа пластиката се меле, на два млина со различен напречен пресек. Сомелениот материјал се мие со ладна вода, излегуваат пет лушпите и од тука почнува процесот на топло перење, на 80 степени. Се пере со хемикалија специјално направена за перење на оваа пластика и овде веќе комплетно доаѓа до разложување на сите остатоци што до овој дел од процесот се задржале на пластиката. Продолжува процес на плакнење со чиста вода, во три кади од отворен тип. Во последната када се добива тотално чист pet flakes. На крај, преку воздушен транспортен систем, кој влече жежок воздух од страна, кој дополнително ја суши пластиката и под компресија ја пакува пластиката во вреќи.”

4

Компанијата произведува два финални производи, transparent или clear flakes, каде што се користат проѕирни и светло сини шишиња и mix flakes, каде се користат шишиња во сите останати бои.

Добавувачи на пластичен отпад се правни лица, а како што вели Андов, суровина има доволно. Крајниот производ оди комплетно за извоз, во Германија и Италија, а во брзо време се очекува и првиот извоз за Словенија.

6

Во Еко Пласт – Техника моментално има седум вработени, главно ангажирани во производствениот процес. Како резултат на зголемениот обем на работа, во текот на наредниот месец компанијата планира да воведе уште една дополнителна смена, во која ќе се вработат нови седум вработени.

Компанијата ги има сите потребни лиценци од Министерството за животна средина, што значи континуирано се вложуваат напори да се елиминира било какво загадување на животната средина.

За да може да ја реализира својата идеја, да ги финансира потребите за обртен капитал поврзани со воведувањето на дополнителна смена во производниот процес, како и набавка на дополнителна опрема, Еко Пласт – Техника во јуни годинава доби инвестиција од Micro Investment Fund (MIF/МИФ). Со помош на оваа инвестиција, оваа компанија планира да отвори уште една производствена линија, со која би го заокружила првичниот концепт и замисла. Инвестицијата на МИФ во Еко Пласт – Техника ќе овозможи отворање на нови работни места, при што се очекува компанијата да вработи 12-30 нови вработени во наредните четири години.

2

За фондот: Micro Investment Fund (MIF/МИФ) е Приватен Инвестициски Фонд (Private Equity Fund) формиран во јуни 2012 година со почетен капитал од 800.000 американски долари. Истиот е финансиран од страна на УСАИД и е во рамки на Проектот за развој на микро и мали претпријатија. Развојната цел на фондот е да го забрза креирањето на нови одржливи работни места преку инвестирање и поддршка на брзорастечки компании со потенцијал за понатамошен раст. Фондот инвестира во компании кои имаат реален потенцијал за раст и развој, потенцијал/атрактивност во индустријата во која е активна, конкурентската предност и профитабилност на производот, како и добро организиран и искусен менаџерски тим/сопственици со интегритет, отворени за партнерство, прифаќање на нови идеи и покажување на желба за напредок. Структурата на инвестицијата на Фондот е т.н. мезанин инвестиција (комбинација на кредит и капитал). Моделот на мезанин инвестиција ќе ги таргетира постоечките микро компании кои имаат потенцијал за раст, а истовремено недоволно колатерал за да добијат банкарски кредит. Фондот е активен партнер во фирмите каде што инвестира и учествува во донесувањето на клучните одлуки, како и во креирање на стратегија за развој.

Фондот може да инвестира само во македонски приватни компании, преку превземање на активна, малцинска сопственост не помалку од 10% од сопственоста на компанијата. Со одредени исклучоци, инвестициониот опсег на инвестиции по поединечна компанија може да биде помеѓу 50.000 и 100.000 американски долари, вклучувајќи ги и дополнителните инвестиции во било која портфолио компанија.

apliciraj
svedoshtva

Новости

Зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис, вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...

Вклучете се во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, зголемете ги потенцијалите на вашиот бизнис!

Отворена е можноста за вклучување на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од...
  • medicament cialis 5mg kamagra inde apotheke viagra preis
  • viagra professional online buy sildenafil viagra viagra jelly for sale viagra españa viagra vzzera achat cialis forum xeloda compresse acquistare clomiphene on line wellbutrin generico
    kauf viagra acheter viagra europe comprar cialis entrega 24 horas
      prescription for viagra in australia pink viagra australia viagra online australia forum